Првата дама на САД ја изненади јавноста со благо спротивен став од претседателот во врска со контроверзната политика за имигранти според која се одвојуват децата од семејствата кои се обидуваат нелегално да влезат во земјата.
„Госпоѓа Трамп не сака да гледа како децата се делат од нивните семејствца и се надева дека двете страни конечно ќе најдат заедничко тло за да постигнат значајна реформа за имиграција. Таа смета дека треба да бидеме земја што ги следи законите, но исто така и земја што владее со срце“, пренесе нејзината портпаролка.
Ваквите коментари од првата дама следат откако се засилија контроверзите околу политиката за имиграција на Трамп базирана на „нула толеранција“.
Во изминатите шест недели речиси 2.000 семејства беа раздвоени во акции за пречување на нелегална имиграција на границата со Мексико.
Возрасните кои се обидуваат да ја преминат границата нелегално и да побараат азил се приведуваат и се товарат за нелегален влез во земјата, а децата завршуваат во притворни центри, одвоени од родителите, пракса што наиде на критики од многу групи за заштита на човековите права и правата на децата.
Меланија Трамп е имигрантка од Словенија. Таа доби дозвола за престој во САД благодарение на т.н. Ајнштајнова виза за луѓе со посебни таленти.