Ова е домашна маска којашто ги брише брчките, а ја користеле и египетските кралици

Жените од Египет отсекогаш биле синоним за убавина и негуван изглед, а интересно е тоа што некои производи за шминкање настанале во палатите на египетските кралици.

Жените од древниот Египет зрачеле со убавина благодарение на природните состојки коишто им биле достапни. Затоа тие  имале и квалитетна нега, веројатно многу подобра отколку што имаме ние денес.

 Еден рецепт за домашен египетски балсам којшто ја затегнува и подмладува кожата, а во продолжение  ви го откриваме рецептот.

Потребни состојки:

– половина лажица пчелен полен

– 1 лажица мед

– 20 грама пчелен восок

– 2- 3 капки прополис

– 70 милилитри масло по желба (кокосово, маслиново, арганово, бадемово)

– неколку капки етерично масло – по желба

Подготовка:

Чекор 1

Пчелниот восок ставете го во чиста тегла и прелијте го со маслото. Мала количина на маслото тргнете ја на страна.

Чекор 2

Измешајте ги останатите состојки за да добиете густа смеса.

Чекор 3

На пареа загрејте восок и масло да се стопат. Истопениот восок додајте го во претходно подготвената паста и добро измешајте ги состојките додека не добиете кремаста смеса.

Мачкајте се со препаратот наутро и пред спиење, а резултатот ќе биде мека и хидрирана кожа. Маската може да трае и до неколку месеци.

Треба да знаете
Последни објави