САД: Се повлекуваме од лицемерниот Совет на ОН за човекови права

САД се повлече од Советот на Обединетите Нации (ОН) за човекови права, изјави американската амбасадорка во ОН Ник Хејли, истакнувајќи дека тоа е „организација која не е вредна за името кое го носи“.

 

Објавувајќи го повлекувањето со обраќање во Стејт Департмент, заедно со државниот секретар Мајк Попмпео, таа рече дека Вашингтон донесе одлука за овој чекор, бидејќи другите земји „немаат храброст“ да и се приклучат на американската борба за да се реформира, како што вели таа, оваа „лицемерна организација што е корисна само за себе“.

„Со овој чекор, сакам да биде кристално јасно дека тоа не значи повлекување од нашиот ангажман во врска со човековите права“, додаде Хејли.

Американската амбасадорка, потсети дека пред една година јасно стави до знаење дека САД ќе остане во советот на ОН само ако „бидат спроведени суштински реформи“.

Според нејзините зборови, јасно е дека тие повици за промена останаа без одговор.

Покрај тоа, Хејли остро го критикуваше членството во Советот на земји како што се Кина, Куба и Венецуела, кои, како што вели таа, и сами се обвинети за кршење на човековите права.

Од друга страна и покрај критиките, Хејли истакна дека САД „со задоволство би се вратил во Советот“, ако ова тело ги спроведе потребните реформи.

Хејли, инаку, уште од минатата година се закани со повлекување, а тогаш како причина ги наведе долгогодишните американски обвиненија за тоа дека 47-члениот Совет е пристрасен на штета на Израел.

Треба да знаете
Последни објави