Договорот со кој се става крај на 25 годишниот спор со Грција е демократски чин којшто ја обезбедува иднината на граѓаните и државата и го гарантира македонскиот иденитет еднаш засекогаш, реагира СДСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека договорот со Грција е капитулантски договор кој е понижувачки за целата држава.
„Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за граѓаните и државата треба прво да расчисти со криминалот во сопствените редови, да излезе од матрицата на поделби, деструкција и конфликт и да учествува во процесот што овозможува граѓаните да одлучат, за македонската иднина. Никој не смее да ја кочи иднината на Македонија и затоа последниот збор за овој договор ќе го имаат граѓаните. Токму граѓаните, на референдум, ќе се изјаснат и ќе оценат дали ВМРО-ДПМНЕ се за или против македонската иднина“, велат од СДСМ.