Полесна храна, храна сиромашна со заситени маснотии, богата со витамини, минерали, влакна и вода – вака треба да изгледа исхраната која ќе ве „заштити“ од целулитот.
Целулитот се создава од неколку причини – пореметување на циркулацијата, физичка неактивност, неправилна исхрана, стрес или пушење.
Експертите се согласни во тоа дека клучот за успешна борба против целулит лежи во здравиот начин на живот.
Во прилог прочитајте за храна која треба да ја избегнувате за да спречите појава на целулит:
Сокови богати со шеќери
Најразличните газирани пијалаци, а неретко и негазираните содржат многу вештачки шеќери и бргу ја намалуваат затегнатоста на кожата. Поради тоа, најдобро е да ги замените со обична вода во која можете да додадете малку лимон.
Пица
Покрај лошото генетско наследство, лошата циркулација исто така може да биде причина за создавање на целулит. Пицата најчесто се состои од многу масти и бело брашно, нешто што може да биде погубно за правилна циркулација.
Бел леб
Нутриционистите препорачуваат белото брашно целосно да се исфрли од менито. Белиот леб го зголемува нивото на инсулин, носи „празни калории“ кои го поттикнуваат создавањето на масни клетки.
Мрсна и преработена храна
Колбасите и останатите видови на преработена месна храна како маргарин, павлака, полномасно сирење се полни со масни киселини, па многу бргу доаѓа до зголемено ниво на инсулин во крвта, кој поттикнува создавање на масни наслаги и целулит.
Алкохол
Алкохолот содржи голем број на токсини и калории. Покрај тоа, витаминот Ц, калциумот и цинкот потешко се апсорбираат во организмот и на тој начин алкохолот го блокира нивниот ефект против мастите.
Шеќер
Храната богата со шеќери предизвикува нагло зголемување на инсулинот, кој поттикнува создавање на масно ткиво.