Сопружници стоматолози од Пробиштип кои заминале на печалба во Бугарија останале без ординацијата која им изгорела во подметнат пожар, вчера во санданското село Ново Делчево.
Експлозијата се случила вчера околу 3 часот изутрината, а стакла од објектот се разлетале и по тротоарот. Целата апаратура и мебелот во ординацијата се уништени. Освен стоматолошката ординација ништо друго не е оштетено. Сопружниците заминале во Бугарија со своите деца пред четири години. Стоматолозите оделе да работат во ординацијата во Ново Делчево, која им била изнајмена, во петок, сабота и недела, додека пак за преноќување заминувале во Сандански.
-Мое мислење е дека, ординација намерно е запалена. Мислам дека тоа е дело на конкуренцијата, затоа што даваат услуги по пониски цени, вели кметот на Ново Делчево, Валентин Апостолов.
Според првичните проценки, пожарот бил подметнат откако низ прозорец фрлиле молотов коктел. Штетата е проценета на 10.000 евра.
Видеото може да го погледнете ТУКА.