Вежба за евакуација во случај на земјотрес во Скопје
Во организација на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија и Клиничката болница Аџибадем Систина, денеска на платото пред болницата ќе се одржи вежба за евакуација на пациенти, повредени, пресонал и посетители во случај на земјотрес.
На вежбата, што се одржува во рамки на Иницијативата за подготвеност и првенција од катастрофи на земјите од Југоисточна Европа – DPPI SEE, ќе учествуваат припадниците на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, на Црвениот Крст на Република Македонија, како и гости од Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Романија, Бугарија и Турција.