МВР информира дека за денес е најавен протест во организација на „Млади за Македонија“
МВР информира дека за денес е најавен протест во организација од група граѓани „Млади за Македонија“. Сообраќајот во централното подрачје ќе биде пренасочен од 10 часот. Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе изврши пренасочување на сообраќајот на крстосница Даме Груев – Васил Главинов во правец кон „Црвен крст“ и обратно од крстосница „11 Октомври – Кочо Рацин“.
Од Министерството повикаа на мирни протести и воздржување од насилни акти.
Инаку, протестот под мотото „Никогаш Северна, секогаш Македонија“започнува во 20 часот пред Собранието на Р.М, а е поддржан од повеќе граѓански здруженија.