Aлександра и Филип на свадбата заработиле 500.000 евра
Српската пејачка Александра Пријовиќ и посинокот на Лепа Брена, Филип Живоиновиќ во четвртокот се заколнаа на вечна љубов, а српските медиуми пишуваат дека од подароците за свадбата се стекнале со мало богатство. Ало.рс пишува дека таткото на Филип, Боба Живоиновиќ за организацијата на свадбата потрошил скоро 500 000 евра и не штедел ниту на една работа за се’ да биде совршено.
Слична сума, како што јавува порталот, младенците добиле и од подароците од гостите од кои повеќето носеле пари, а некои пејачи дале и по 2 000 евра. Во
пликовите во просек имало меѓу 500 и 1 000 евра, па српски „Ало“, повикувајќи се на извор близок на двојката, пишува дека младенците собрале околу 500 илјади евра кеш со оглед на тоа што на прославата имало околу 900 гости.
Освен пари, другарите на Филип му купиле и фиќо- кабриолет кое особено му се допаднало на младоженецот.