Американската разузнавачка агенција (ФБИ) безуспешно го бараше Вејн Артур Силсби 23 години, а овој петок тој се појави во полицискиот оддел во Орегон и сам им се предаде на властите, објави „Си-ен-ен“.
ФБИ го бараше поради „повеќекратни дела на сексуален напад” врз девојчиња на возраст меѓу 8 и 10 години помеѓу септември 1995 и април 1996 година.
Овој петок, 62-годишен маж влезе во полициската зграда во Орегон и се предаде, соопшти ФБИ. Сè уште не е познато зошто, по 23 години, Силсби одлучи да престане да се крие.
Силсби е обвинет за сексуална злоупотреба на малолетни лица од прв степен, загрозување на здравјето на малолетниците и незаконски сексуални пенетрации од прв степен.