Брзи и вкусни чоколадни обланди

Овој десерт сите го сакаат, се подготвува лесно, а идеален е за неискусни во кујната.

 

СОСТОЈКИ:

1 пакување обланди

400 мл вода

400 гр шеќер

100 гр чоколадо за готвење

300 гр мелени бисквити

125 гр маргарин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Шеќерот и водата зовријте ги. Тргнете од оган, додајте маргарин и издробено чоколадо. Потоа додајте и мелени бисквити, па сè соединете. Филувајте ги обландите со млак фил.

Поклопете со тацна, па оставете филот да стегне. Добро изладете, па сечете на парчиња.

Треба да знаете
Последни објави