Сообраќајната полиција вчера во Скопје открила и санкционирала поголем број прекршоци

На подрачјето на Скопје во изминатите 24 часа се случиле 13 сообраќајни незгоди. Во шест сообраќајки биле повредени шест лица, од кои едно потешко.

 

Материјална штета била причинета во седум сообраќајни несреќи.

Од МВР информираат дека сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци.

Вкупно 107 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената со сообраќаен знак, седум возачи возеле под дејство на алкохол, 12 возеле со истечена важност на сообраќајната дозвола, а 12 со нерегистрирани возила, четврорица неправилно се престроиле, а еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Непрописно паркирани биле 242 возила, додека 51 возило било подигнато од пајак службата.

Треба да знаете
Последни објави