Сообраќајна несреќа се случила вчера во Кавадарци, при што мотоцикл управуван од 22-годишен маж удрил во 18-годишна девојка која одела пеш, а потоа и во патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Кавадарци, девојката била префрлена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
„Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци“, соопшти МВР.