На Самитот на ЕУ во Брисел, меѓу другото треба да биде одлчено дали Македонија може да ги почне пристапните преговори со Унијата.
Според договорот што Грција и Македонија го постигнаа месецов, името за кое се согласија е Република Северна Македонија, со што би се разликувала од северногрчката провинција Македонија и античка Грција. За возврат, Атина во иднина нема да го блокира патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.
Земјата која би можела да стави вето е Франција, а виенски весник предупредува дека тоа би можело да го загрози решението за спорот со името.
„Тоа би значело убивање на компромисот во врска со името што го постигнаа Грција и Македонија“, вели Флоријан Бибер, шеф на Центарот за Југоисточна Европа. Тој потсетува дека во Македонија наесен е планиран референдум и оценува дека е тешко да се замисли дека исходот ќе биде позитивен, ако ЕУ не го награди постигнатиот договор.
Весникот оценува дека конзервативната опозиција во тој случај нема да има проблем да ги убеди луѓето да не го поддржат референдумот за името.
„Тоа би бил тежок удар за реформската политика на Балканот“, вели Бибер и додава дека со тоа „Франција ќе стане новата Грцоија за Македонија“.
Македонија од 2005 година е кандидатка за членство, но патот кон ЕУ досега ѝ го блокираше Грција и ако Франција стави вето, таа пак би била спречена да влезе во ЕУ и НАТО.
„Владата на францускиот претседател Емануел Макрон до ЕУ изборите во 2019 година категорично ги одбива сите чекори за проширување. Тоа има врска со фактот дека либерално ориентираноиот шеф на држвата се плаши од зајакнување на нелибералните источноевропски земји, како земјите од Вишеградската група. Макрон сака во важните земји од ЕУ на власт да останат проевропските партии и затоа бара да не се одобруват понатамошни преговори за проширување. Освен тоа, во многу земји на ЕУ уште не сфатиле дека политиката на проширување на Балканот е поврзана со строги услови. Многу реформски чекори, како обемна демократизација во Македонија или реформи на судството во Албанија, притоа воопшто не се земаат предвид. Во прашање е општа политика на условување и проширување само по себе.“