Колку кафе дневно е добрo за срцето?

Пиењето кофеин веќе од порано е поврзано со помал ризик од бројни болести, меѓу кои се дијабетес тип 2, срцеви заболувања и мозочен удар, но не беше јасен механизмот кој се крие зад овие заштитни ефекти.

 

Ново истражување, чии резултати укажуваат на тоа дека четири шолји кафе дневно го штитат срцето од оштетување.

Според истото истражување, оваа количина на кофеин го подобрува преминувањето на регулаторниот протеин, p27,  во митохондриите, зајакнувајќи ја нивната улога во заштита на кардиоваскуларните клетки од оштетување.

Германски тим на научници  открива дека позитивните ефекти се постигнуваат со концентрација на кофеин која одговара на количина од четири шолји кафе дневно.

Тие утврдија дека кофеинот го поттикнува преминувањето на таканаречениот протеин p27  во митохондриите, па на тој начин започнуваат да се одвиваат позитивни процеси, откако ќе се постигне концентрација на кофеин која одговара на четири шолји кафе.

Новото истражување покажа дека кофеинот има заштитно дејство врз срцевиот мускул, при дејствување на протеинот p27.

Треба да знаете
Последни објави