Топлото лето е пред нас, а домашниот сладолед е најдобар за освежување. Едноставен за подготовка и може да се подготви за 5 минути.
Потребни состојки:
500 гр. смрзнати јагоди
2 конзерви кокосово млеко/ или млеко со ниска масленост
3 лажици мед
3 лажици кокос
Начин на подготовка:
Јагодите ставете ги во блендер и измиксирајте ги. Потоа додадете го млекото и кокосот. На крајот додадете го медот. Ставете во замрзнувач во кутија.