Потпечени тестенини со мелено месо

Вкусни потпечени тестенини со мелено месо.

 

Состојки:

500 грама тестенини по ваша желба

500 грама мелено месо

250 грама шампињони

250 грама кечап

250 грама кашкавал

2 главици кромид

Мешан сув зачин и малку сув босилок

Подготовка:

Ставете ги тестенините да се варат, за тоа време подгответе го сосот. На загреано масло ставете да се пржи ситно исецкан кромид, додадете го месото и пржете 15 минути. Шампињоните исецкајте ги на ленти, па потоа и нив ставете ги во месото да се пржат, зачинете со сув зачин и динстајте на умерена температура додека печурките да омекнат.

На крајот додете ги кечапот и босилокот, па пржете уште 5 минути, сосот прелијте го врз претходно сварените тестенини, па се добро измешајте.Тавката за печење премачкајте ја со малку маргарин, половина од тестенините префрлете ги во тавката, а потоа изрендајте половина од кашкавалот и врз кашкавалот ставете ја преостанатата смеса од тестенините.

Печете во загреана рерна 15 минути на 200 степени.Откако ќе ја извадите тавката од рерната изрендајте го и преостанатиот кашкавал, па печете уште 10 минути, послужете додека е топло.

Треба да знаете
Последни објави