Се враќа летото – веќе од понеделник температури над 30 степени

Ниските температури и тмурното време не треба да ве загрижуваат. Циклонот кој се наоѓа над нашиот регион нема да се задржи долго.

 

Со крајот на месецот си заминува и свежото и дожделиво време. Последниот дожделив ден се очекува во сабота. Потоа повторно ни се враќа летото.

Веќе од понеделник температурите се враќаат над 30 степени, односно во рамките на просекот за овој период од годината.

Наредната недела на некои места температурите ќе надминат и 35 степени, а најтопол ден се очекува да биде вторник.

Ако може да им се верува на долгорочните прогнози, цел јули дожд нема да има, а се очекува времето да се дестабилизира дури на почетокот од август.

 

Треба да знаете
Последни објави