Како полесно да се ослободите од болката во грбот?

Хроничната болка во грбот може да биде многу незгодна и влијае на квалитетот на вашиот живот. Поради тоа прочитајте неколку корисни совети за тоа како успешно да се изборите со овој проблем и болките да ги сведете на минимум.

 

Преку истрајност, посветеност, добра организација и рамномерна и правилна комбинација на вежби ќе го зајакнете ‘рбетот и ќе го одржите вашиот грб здрав.

Добро организирајте го времето

Болка во грбот чувствуваат 540 милиони луѓе ширум светот. Доволно е да одделите само десетина минути неколку дена во неделата, бидејќи тоа е инвестиција во вашето здравје која значи сигурно подобрување на состојбата.

Поради тоа потребно е добра организација на времето за вежбање и работните обврски.

Истражувања од периодот од 1970 и 2011 година покажуваат дека за луѓето кои страдаат од хронични болки во грбот е подобро да вежбаат превентивно, отколку подоцна со цел да се намалуваат болките.

Големи три вежби

Доктор  на универзитет цела кариера ги проучува болките во грбот и различните видови на рехабилитација. Негова препорака се таканаречени „Големи три вежби“, во кои влегуваат „бочно истегнување“, па поза во која со сте со подлактите и потколениците на под, со истегнување и исправување на раката и ногата.

Третата вежба се однесува на положба во која лежите, а вашите раце се под грбот, додека рамењата и главата се малку подигнати и ги кревате и свиткувате колената. Сите вежби потребно е да ги правите со умерен интензитет, бидејќи не треба да се форсирате.

Работете правилно

Секогаш е добро да имате инструктор или тренер во теретана за вакви вежби, со цел некој поискусен да ве упати во добар правец, но ако сепак се определите да работите сами дома, пред се морате да се уверите дека работите правилно, за да не дојде до непосакувани повреди.

Постојат и одредени фитнес апликации, кои можат преку камера да ве поврзат со фитнес тренер, така што и ако не сте во можност да одите на тренинг, ќе можете безбедно да го одработите терминот.

Разновидноста е многу важна

Важно е сите вежби за грб да ги комбинирате и сите да ги правите рамномерно. Значајно е да се ангажираат најдлабоките абдоминални мускули. Кога веќе ќе стекнете одредена рутина, можете малку да го засилите темпото.

Треба да знаете
Последни објави