Крцкаво и вкусно: Пита со пиво и готови кори

СОСТОЈКИ:

500 гр. кори за пита

2 главици кромид

2 компири

450 гр. шампињони

ПРЕЛИВ:

50 мл. масло

200 мл. пиво

малку сусам

кашкавал растителен

ПОДГОТОВКА:

Се сече кромидот и се пржи на масло, па се додава излупениот и изрендан компир, па се динста кратко.

Се пржат кратко во смесата и ситно сечените шампињони.

Се премачкува плех, па се редат кори. На секоја се става фил, освен на последната.

Се сечат на коцки со посакувана големина, па се става врз низ смеса од пиво и масло, сусам и рендан растителен кашкавал.

Се пече на 180 степени додека не порумени.

Треба да знаете
Последни објави