Едноставен трик со кој мувите нема да влегуваат во вашиот дом

Покрај тоа што се здодевни, мувите се и извор на зарази.

 

Имено, мувите пренесуваат околу милион бактерии и се причинител за околу 600 различни болести како пневмонија, уринарна инфекција и труење со храна.

Еден од наједноставните, а според многумина и најефикасни начини да ги спречите мувите да влегуваат во вашиот дом е да наполните обична провидна кеса (како оние за фрижидер) со чиста вода.

Наполнете ја до половина и врзете ја цврсто. Закачете ја пред вратата или прозорците кои ги оставате отворени.

На овој начин ќе ги спречите мувите да влегуваат во вашиот дом.

Поради структурата на нејзините очи, бистрите кеси исполните со вода, на мувите им делуваат како пајакова мрежа, па тие не им се приближуваат.

Експерти тврдат дека кесата со вода ги прави дезориентирани и им создава некаков вид на илузија, поради која тие не се доближуваат до кесата.

Треба да знаете
Последни објави