Синиша Михајловиќ доби отказ од Спортинг по само девет дена

Српскиот фудбалски тренер Синиша Михајловиќ забележа уште еден посрамувачки неуспех во кариерата, откако вчера доби отказ од Спортинг Лисабон само девет дена откако ја презема клупата на португалскиот клуб.

 

Со овој потег на раководството само се потврдува кризата која го обиколува клубот во последните неколку месеци. Претходно во месецов голем дел од главните играчи на клубот побараа нивните договори да бидат раскинати поради еден инцидент со навивачите кој се случи на крајот од сезоната.

„Одлучивме да ја прекинеме соработката со Синиша Михајловиќ. Наскоро е најдеме нов тренер кој најверојатно ќе биде претставен во понеделник“, изјави новиот претседател на клубот, Хозе Соуса Синтра на конференцијата за новинари.

Михајловиќ минатата недела потпиша тригодишен договор со Спортинг Лисабон, но во неделата одборот на директори го замени дотогашниот директор на клубот Бруно де Карваљо, новото раководство одлучи да ја искористи излезната клаузула од договорот на Србинот и да ја раскине соработката со него.

Проблемите во Спортинг ескалираа кон крајот на минатата сезона, кога педесетина маскирани хулигани ги нападнаа играчите, стручниот штаб и помошниот персонал бидејќи клубот не успеа да избори место во Лигата на шампионите.

По инцидентот девет играчи одлучија да ги раскинат договорите со клубот.

Треба да знаете
Последни објави