Бурниот живот на српскиот капитен:Љубовницата му роди син,а тој ѝ се врати на сопругата

Капитенот на српската репрезентација со години е тема на таблоидите. Александар Коларов е во брак со Весна Коларов со која имаат две деца, но со години ја имаше и љубовницата Кристина за која пишуваа и британските таблоиди додека тој играше за Манчестер Сити.

 

Коларов, според српските таблоиди, осум години бил во паралелни врски со Весна и со Кристина, а љубовницата пред три годин и му роди син. Ниваната приказна почнала „наивно“, како авантура, но Коларов наводно многу се заљубил во Кристина и во еден период ѝ плаќал и стан за да може полесно да се гледаат.

Сопругата Весна неколку пати го напушти, но секојпат му се враќаше. Откако Кристина го роди синот, Коларов и неговото семејство не сакаа да зборуваат за детето, но фудбалерот го призна како негово.

Подоцна се откри дека Коларов ја напуштил љубовницата уште додека била бремена, но сепак му го дал своето презиме на детето.

Тој наводно не сакал да ја прокоцка последната шанса што му ја дала сопругата да го спасат бракот и ја напуштил љубовницата.

 

Кристина сега е самохрана мајка и одвреме-навреме објавува фотографии со детето на интернет.

Коларов никогаш јавно не проговори на оваа тема, а неговата сопруга Весна ги одбегнува ваквите новинарски прашања.

Треба да знаете
Последни објави