СОСТОЈКИ:
3 јајца
2 помали шолји брашно
2 мали шолји гриз
1 мала шолја масло
150 гр шеќер
кора од лимон
малку цимет
1/2 кг сливи
1 ванилин шеќер
шеќер во прав по желба
прашок за печиво
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во тенџере растопете 3 лажици шеќер додека убаво не се карамелизира па ставете на дно од плех кој сте го обложиле со хартија за печење. Од горе наредете сливи и ставете малку цимет.
Разматете јајца со шеќер, додајте масло, брашно, гриз, прашок за печиво и кора од лимон па добро изедначете и ставете преку сливите.
Протресете го плехот и печете на 200 степени околу 40 минути. Печениот колач посипете го со ванилин и шеќер во прав по желба.