Американски таблоид пренесува дека актерот Раде Шербеџија е уапсен при возење во алкохолизирана состојба.
Хрватскиот актер е уапсен во Санта Моника, откако полицајците воочиле дека тој не ги почитува сообраќајните знаци, при возење со автомобил минатиот викенд.
Пo запирањето, во автомобилот пронајдено е отворено шише виски, како и 71-годишниот Шербеџија во видно алкохолизирана состојба, велат полициските извори.
Тестирањата покажале дека актерот имал поголемо ниво на алкохол во крвта од дозволеното.
Тој е пуштен од притвор, откако ја платил кауцијата.