Некогашна ријалити ѕвезда која пред неколку години издаде книга во која тврдеше дека принцезата Дијана имала проблеми со исхраната, сега напиша нова, околу сексуалните апетити на кралицата Елизабета.
Членовите на кралското семејство и блиски соработници до кралицата, веднаш застанаа во одбрана на кралицата Елизабета, тврдејќи дека целото тоа е лага и само се обидува врз основа на неверојатни тврдења да заработи пари.
Се пренесува и дека никогаш не била блиска со никого од кралското семејство за да биде упатена во тие работи.
Инаку, таа ја објави книгата „Бракот на кралицата“, во која, помеѓу другото, го опишува и сексуалниот живот на кралицата Елизабета, што прилично ја потресе јавноста во Велика Британија.
Во книгата пишува дека кралицата имала „здрав сексуален апетит“, како и тоа дека почнала да го задоволува со стапувањето во брак.
Во својата книга, како и многу други пред неа, тврди дека принцот Филип ја изневерувал кралицата, како и тоа дека сакал да флертува со други жени. Таа исто така, тврди дека ги искусила заводничките способности на принцот.
Пишува уште и дека, кога кралицата дознала, таа била психички скршена и дека за неверството на својот сопруг му се доверила на психијатар.
Некогашниот шофер на кралицата, Пол Барел, за британските медиуми изјави дека кој било може да излезе во јавноста со вакви тврдења.
„Можете да бидете доверлив сведок ако сте биле таму. Таа пишува за нашиот лидр на државата, за црквата и некого кого воопшто не го познава, за некој кој воопшто не и е познат“, вели тој.
Тој вели дека работел полни 11 години на дворецот, како и тоа дека ја познава кралицата и дека таа никогаш не би му се доверила на никого за така лична работа.