Носењето на топла облека во текот на летниот период предизвикува потење, а притоа и непријатна миризба на нозете.
За тоа да го спречите, ви советуваме да ги пробате следниве трикови.
Бактериите се главен виновник за појава на непријатните миризби. Пред да ги облечете летните чевли потребно е добро да ги измиете стапалата, а подеднакво е важно и добро да ги исушите.
Пудра за нозе
За стапалата да ви останат суви, после повеќечасовно носење на чевли, користете пудра за нозе.
Други трикови со кои ќе ја избегнете непријатната миризба од нозете:
– Менувајте и перете ја редовно облеката
– Во чевлите со непријатна миризба можете да ставете и парче алуминиумска фолија во која претходно сте ставиле мелено кафе.
– Наместо кафе, исто така можете да користите филтер вреќичка од чај или лушпа од портокал. Ќе забележите дека со овие додатоци ќе се загуби непријатниот мирис.
– За да ги уништите бактериите во внатрешноста на чевлите, можете понекогаш да ги пребришете со крпа натопена во алкохол.