Сообраќајна несреќа во Липково, кумановец удри осумгодишно дете

Вчера во општина Липково дошло до сообраќајна несреќа кога патничко возило удрило во осумгодишно дете.

„Патничко возило ‘опел корса’ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б. И. (30) од с.Слупчане, а со привремен престој во Швајцарија, удрило во осумгодишно дете од с.Слупчане“, соопшти МВР.

Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Општа болница Куманово, од каде, по укажаната лекарска помош, било префрлено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави