Роби Вилијамс верува дека боледува од Аспергеров синдром

Славниот пејач Роби Вилијамс верува дека боледува од Аспергеров синдром, или аутизам, па вели дека нешто недостига во него, додека води борба со некоја форма на ментална болест.

 

Роби неодамна во јавноста зборуваше за својата борба со депресијата, а за британските медиуми рече дека има помрачување во главата и мисли дека страда од аутизам, или од повисока форма на аутизам, односно Аспергеров синдром.

„Не знам во кој спектар се наоѓам, но дефинитивно сум во некој. Секој ден е поинаку, дури и ако ги правам истите работи. Некои денови едноставно не можам да објаснам зошто не можам да станам од кревет“, вели Вилијамс.

Како што тој објасни во последните неколку години почнал повеќе да го цени животот, посебно откако тој и неговата сопруга добија ќерка и син.

Тој откри дека е опседнат со пребарувањето на своето име на интернет и барање на негативни коментари за себе.

„Тоа е истовремено проклетство и благослов, бидејќи постојано читам дека сум глуп и не знам да пеам, но тоа ме тера да продолжам понатаму. Поради тоа сум денеска човекот каков што сум“, изјави Роби.

И од порано познатиот пејач зборуваше за своите проблеми со менталното здравје, раскажувајќи дека „во главата има болест која ќе го убие“.

Изјави дека многу пати бил близу до смртта, а го спореди и својот живот полн со падови и успеси, со животот на покојната музичка ѕвезда Џорџ Мајкл.

Треба да знаете
Последни објави