Поранешниот фудбалер на Барселона, Чави, како и актуелниот белгиски селектор Роберто Мартинез, влегуваат во листата претенденти за нов селектор на „црвената фурија“ објави шпанската национална телевизија.
Чави од следната сезона треба да стане главен тренер на Ал-Сад. Исто така беше објавено дека тој би можел да ја предводи националната екипа на Катар.
Шпанскиот национален тим на Светското првенство 2018 доживеа елиминација во осминафиналето од домаќинот Русија.
На Мундијалот Шпанците ги предводеше Фернандо Јеро кој на позицијата беше поставен непосредно пред почетокот на СП, откако отказ доби Хулен Лопетеги, идниот тренер на Реал Мадрид.
Претходно беше објавена информација дека потенцијални кандидати за селекторското место се Кике Санчез Флорес, Мичел и Луис Енрике.