Полицијата пронајде најлонско кесе со марихуана при преглед на возило на магистралниот пат Гостивар – Кичево.
Возилото со охридски регистарски ознаки било управувано од П.П. (39) од Охрид, кој бил приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка, соопшти МВР.