Репрезентацијата на Аргентина се збогуваше со Светското првенство во Русија во осмина-финалето откако претрпе пораз од 4:3 од репрезентацијата на Франција.
„Гаучосите“ со многу среќа успеаа да се пласираат во осмина-финалето, меѓутоа таму беа поразени од Франција, што значеше дека избраниците на Сампаоли прерано мораа да ги спакуваат куферите.
Аргентинските медиуми откриваат дека во авионот на репрезентацијата, само еден фудбалер се вратил дома, а тоа бил Енцо Перез. На останатите играчи им се изгубила трагата, веројатно затоа што им било срам да се соочат со новинарите на аеродромот во Буенос Аирес.
Досега е познато дека Лионел Меси веднаш со својата сопруга отпатувал на одмор во родниот Росарио, а другите репрезентативци сите заминале посебно во непознат правец.