Прв фествал на лубеницата ,,Љуботен 2018,, во Општина Бутел
Вчера, среда, 04.07.2018 г. во Општина Бутел, поточно, во с. Љуботен се одржа првиот фестивал на лубеницата ,,Љуботен 2018,,.
Градоначалникот Велимир Смилевски ја отвори оваа прва манифестација со која се слават летните слатки и освежителни плодови типични за Општина Бутел, лубениците и дињите.
Се разбира честа им припадна и на нивните производители, а годинава четиринаесетмина ги изложија летните, многу барани плодови, за што добија соодветни признанија и благодарници. Градоначалникот Смилевски истакна дека, надалеку се познати благите лубеници и медените дињи, никнати и одгледани на нивите во Љуботен и пошироко на територијата на Општина Бутел.
Тој им се заблагодари на присутните и на сите учесници уверувајќи ги дека во наредните години сите содржини ќе добиваат на квалитет, зашто оваа манифестација на Општина Бутел заслужува да стане традиционална.
Да додадеме дека на првиот фествал на лубеницата ,,Љуботен 2018,, се одржа богата културно – уметничка програма, а присутните можеа да вкусат, освен љубеница и диња, и повеќе специјалитети карактеристични за жителите од Љуботен.