Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон повторно е трудна, а таа и принцот Вилијам ќе бидат родители по четврти пат, открива извор близок до парот.
Само три месеци откако на свет го донесе третото дете, принцот Луис, во Кенсингтонската палата се прошири веста дека Кејт повторно е трудна.
„Тие би сакале да имаат две момчиња и две девојчиња. На Кејт и е важно нејзините деца да имаат слична врска со своите браќа и сестри, како што таа имаше со својата сестра, а таа знае дека тоа е поедноставно ако се во приближна возраст“, изјави неименуван извор за британските медиуми.
Според овие информации, наводно оние кои се блиски до Кејт веќе зборуваат за тоа дека е трудна, а и таа самата покажува се повеќе знаци на бременост.
И самата од порано зборуваше дека со Вилијам би сакале да имаат четири деца, за да го потполнат своето семејство.
„Вилијам всушност сака да има пет деца, но Кејт смета дека четири се сосема доволно“, пренесува истиот извор.