Возачот што беше повреден во сообраќајната несреќа што се случи вчера кај Калиманци починал во болница. Станува збор за лицето Б.В. (30) од Кочани.
Несреќата се случи вчера во 15,50 часот на магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани во близина на браната Калиманци помеѓу камион „мерцедес актрос“ со бугарски национални ознаки, управувано од В.М. (60) од Бугарија и автомобил „опел аскона“ без регистерски ознаки, управувано од Б.В. (30) од Кочани.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здоби Б.В., кој беше пренесен на клиника во Скопје, каде во 20,50 часот им подлегнал на повредите.
Во времето од 15,50 до 18,40 часот сообраќајот на патот беше во прекин. Возачот на камионот бил задржан во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за несреќата.