Груевски прво се пријави во суд, па замина да го брани докторатот
Поранешниот премиер Никола Груевски дојде во кривичниот суд за да се пријави десет минути пред бранењето на докторатот. Новинарите му посакаа среќа, на што тој возврати: „Фала ви“.
Веднаш потоа, тој замина на Економскиот факултет, каде има закажно одбрана на докторската дисертација на тема „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“.
Тој секој петок се пријавува во судот како дел од мерките за претпазливост кои му ги одреди судот.