Непријатниот здив може да биде многу обесхрабрувачки, бидејќи околината таквите лица ги избегнува, а тоа лице подоцна станува несигурно.
Ако причината не е некое метаболичко пореметување, проблемот можете да го решите крајно едноставно, доколку денот го започнете со одреден вид на овошје и јогурт.
Јогуртот го намалува нивото на хидроген-сулфид, предизвикувачот на непријатен мирис, а некогаш неговата појава ја елиминира во целост, објаснуваат експертите.
Освен јогурт, се препорачува и почесто консумирање на овошје, особено јаболка, кои важат за неприкосновени чистачи на забите и природни освежувачи на здивот. Истиот ефект ќе го постигнете и ако за појадок или ужинка изедете порција бобичести овошја, диња, портокал, киви или друго овошје богато со витамин Ц.
Крцкавите круши и морковот исто така се делотворни. Имаат висока содржина на влакна кои во комбинација со плунката успешно ги отстрануваат сите честички на непријатен мирис во устата.