Лесен рецепт кој им успева на сите.
СОСТОЈКИ:
2 чаши од по 200 гр пченкарно брашно
1 чаша пченично брашно
3 јајца
100 мл масло
сол
1/2 прашок за печиво
200 гр сирење
1 веза блитва или 200 гр спанаќ
200 мл јогурт
200 мл млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во сад ставете пченкарно брашно, јајца, брашно, сол, масло, сирење, исечкана блитва, која претходно малку сте ја обвариле, а потоа додајте јогурт и млеко.
Сè убаво изедначете и ставете во калап за мафини. Печете на 200 степени околу 30-40 минути додека убаво не поруменат.
Послужете со сирење, јогурт или кисело млеко.