Една таблета „редбул“ води во смрт
Се претпоставува дека единечна доза од оваа дрога може да предизвика кома, а потоа смрт. „Содржи исклучително големи количини на екстаза, стандарди кои за жал се нелегално поставени на пазарот“, објаснува фармаколог за српските медиуми.
Српските медиуми на 5 јули информираа дека во Белград од предозираност со екстази (МДМА) починала 21-годишна девојка, четврта жртва за само еден месец во Србија. Само неколку дена претходно од предозираност починал нејзиниот 17-годишен другар. Девојката вечерта на својот Фејсбук профил споделила песна и статус „ајде на журка, да гори вечерва“. Првичните резултати од истрагата биле дека девојката зела екстази и починала по само неколку минути откако и се слошило.
Екстазите се најпопуларни и најдостапни меѓу младите луѓе, а цената во Србија изнесува од 500 динари за таблета.
Најчесто овие таблети се прават во вид на лого на некои од познатите брендови. Дури и половина од оваа таблета може да биде фатална ако се конзумира со алкохол или заедно со друга дрога. Некои таблети имаат дури 300 мг МДМА, односно три пати повеќе од безбедносната доза.Новата дрога која е многу опасна, истовремено е и популарна меѓу младите бидејќи има пролонгиран ефект. Неговите ефекти траат до осум часа. Клиничките испитувања покажале дека дозите од 75 мг активна супстанција МДМА пронајдени во обичен екстази не се смртоносни. Сепак, ова не може да се каже за новооткриените таблети што ја поплавија Србија.Најмногу го има по клубовите каде што може да се купи една таблета за 10 евра. Оние кои немале претходно искуство со дрогата по една доза паѓаат во транс, се тресат, имаат напади кои наликуваат на епилептични, по што настанува кома и смрт! Од друга страна, оние кои употребуваат синтетички дроги веќе некое време го избегнуваат „редбул” или земаат помалку дози- половина или една четвртина од таблетата.
“Имено, дозата на една таблета е пет пати посилна од вообичаеното, а младите ја земаат, бидејќи имаат пролонгиран ефект, односно ефектите траат до осум часа. Корисникот многу лесно може да стапи во контакт со дилерите на екстази. Тоа исто така е наречено и „hugdrug “, односно дрога на прегратката”, објаснува фармаколог за српските медиуми.
Со текот на времето, употребата на такви психоактивни супстанции, покрај зависноста, предизвикува ментални нарушувања како што се депресија, анксиозност, шизофренија, висок притисок, како и потење, дехидрација, забрзана работа на срцето, несвесно затегнување на вилицата. Поплавата од смртносното екстази почна пред две години во Велика Британија на Манчестер фестивалот, кога имало повеќе случаи на труење со „Редбул“, кој содржел 250 милиграми МДМА.