На 12.05.2019 во 08.15 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на место викано “Бричките“, атар на село Двориште, на некатегоризиран пат, Б.Ц.(55) , управувајќи трактор, изгубил контрола над тракторот и се превртел.
На тракторот заедно со него била и неговата сопруга И.Ц., која успеала да скокне, а Б.Ц. бил исфрлен на околу 50 метри под патот. Тој добил тешки повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен и задржан на лекување во Медицински центар Струмица. Таму му била укажана прва помош, а потоа бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Лесна повреда има И.Ц. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Берово.