СОСТОЈКИ:
3 тиквици со средна големина
5 јајца
200-300 гр фета сирење
200 мл кисела павлака Пекабела
1 чаша од 2 дл масло
1 чаша од 2 дл гриз
4 лажици бело брашно
прашок за печиво
сол по вкус
кашкавал по желба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изрендајте ги тиквиците со кора, додајте гриз, брашно и прашок за печиво. Добро измешајте, направете вдлабнатини во мешавината па додајте павлака, јајца и масло.
Сè добро измешајте, па ренданото фета сирење додајте го во смесата убаво да се соедини. На крај можете да изрендате и малку кашкавал.
Префрлете во намастен плех и печете околу половина час во претходно загреана рерна на 210 степени.