Во Италија уапсен македонски државјанин за планирање терористички нападИталијанските власти уапсиле македонски државјанин осомничен за подготовка на терористички напад. Како што се наведува во вчерашното соопштение на полицијата, 29 годишниот Агим Мифтари се обучувал за „идни терористички иницијативи“ во Сирија.
Тој на социјалната мрежа Фејсбук ширел пропаганда на терористичката организација Исламска држава. Полицијата при претресот на неговиот дом во април годинава пронашла дрон и воена униформа. Мифтари е во притвор од април.