Седумдесет и седум годишна старица е тешко повредена откако во неа удрил автомобил управуван од непознато лице.
Несреќата се случила на крстосницата од улицата „АСНОМ“ и улицата “Алексо Демниевски“ во Велес.
Повредената жена била пренесена во Јавната здравствена установа во Велес, каде од страна на лекар ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на целосно расчистување на случајот.