Исечете банана на тенки парчиња, ставете ја на парче интегрален леб и полека изедете ја, пиејќи филџан чај од камилица.
Ве боли главата, уморни сте, расеани? Излупете една банана, исечете ја на тенки парчиња, ставете ја на парче интегрален леб и полека изедете ја, пиејќи истовремено филџан чај од камилица. Зошто делува овој природен лек?
Бананата е богата со калиум кој ја поттикнува циркулацијата на крвта и елиминацијата на течностите и токсините. Освен тоа, доколку не е презрела, содржи прилично многу скроб, енергетски интегратор кој го закрепнува организмот и му дава сила.
Влакната кој ги содржи лебот допринесуваат до активирање на дигестивниот систем, чија работа често е пореметена поради лошата циркулација на крвта која истовремено е главен виновник за појавата на главоболка. Камилицата делува смирувачки и ги намалува крвните садови кои при главоболка се шират.