Ракитиќ: Ако треба, ќе играм во финале и со една нога

На натпреварот помеѓу Англија и Хрватска, дефинитивно го видовме најразочарувачкиот настап на Иван Ракитиќ на ова Светско првенство досега. Иван Ракитиќ одигра лошо, иако во досегашниот дел од првенството во Русија прикажа фантастични партии.

 

Но, токму поради тоа, како и затоа што преку пенали ја однесе Хрватска до полуфиналето во кое слаеше, никој не му пререче за лошите додавања и загубени топки.

Како ниту поради тоа што, при две добри позиции за удар не се снајде најдобро, односно во првата тој очајно шутираше, а во втората ситуација се обиде да го пронајде Манџукиќ и потполно го промаши додавањето.

Покрај тоа што играчки не потсетуваше на себеси, Ракитиќ и физички изгледаше лошо. Меѓутоа, тоа не беше поврзано со заморот, кој го чувствуваа и неговите соиграчи, поради серијата на продолженија и пенали кои ги одигра Хрватска во нокаут фазата.

Едноставно, репрезентативецот на Хрватска изгледаше исцрпено и болно.

По натпреварот, во познатата шпанска радио-програма  тој го потврди тоа.

 

„Ноќта пред натпреварот имав висока температура, 39 степени. Лежев болен во кревет и се обидував да соберам сили за да заиграм. На некој начин успеав тоа да го направам и ете, дефинитивно вредеше“, изјави Ракитиќ.

Потоа, новинарот му постави прашање околу тоа дали ќе биде подготвен за финалето, во однос на тоа дека очигледно уште е болен.

„Ако треба, ќе играм во финале и со една нога“, изјави Ракитиќ, покажувајќи колку му значи овој неверојатен подем на Хрватите.

Инаку, во мечот против Англија, во ваква состојба, Ракитиќ ги одигра сите 120 минути на теренот.

Треба да знаете
Последни објави