Руско МНР: Присилно влегување на Македонија во НАТО
Руското министерство за надворешни работи денеска уште еднаш повтори дека се противи на членството на Македонија во НАТО и проширувањето на Алијансата.
“Присилното влегување на Македонија во НАТО само потврдува дека политиката на “отворени врати” сама по себе стана цел и алатка за контрола на геополитичката територија”, се наведува во соопштението на руското МНР .
Според министерството, плановите на НАТО за зајакнување на воената активност ги продлабочува поделбите и ги интензивира тензиите во Европа. НАТО, како што е наведено, се претставува како дефанзивен сојуз, но го интензивира купувањето на офанзивно оружје.