Првообвинетиот во предметот „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан, во завршните зборови во кривичниот суд денеска рече дека покрај сувото гори и суровото, посочувајќи дека не се чувствува виновен.
„Не се чувствувам виновен затоа што не сум имал никаква умисла да прекршам кој било закон“, рече Кочан пред судискиот совет. Единствена цел ми беше да бидам конкурентен на пазарот и да обезбедам работа за моите вработени и нивните семејства“, додаде Кочан пред судот.
Второобвинетиот Василије Авировиќ во завршните зборови рече дека не се чувствува виновен за делото за кое се товари и дека тоа обвинение му го загрозило здравјето. „Таквото неосновано обвинение дополнително ја загрози мојата здравствена состојба, која уште од раното дејство ми е многу кревка“, рече Авировиќ.
„Труст“ е предметот на СЈО за кој пресудата ќе биде објавена в петок напладне. Обвинетите според СЈО со лажна документација учестувале и добиле тендер во вредност од 17 милиони евра, за што обвинителството ако го добие случајот побара конфискација на имот.