Помрачувањето на Месечината илу лунарната еклипса ќе се случи ноќта на 27. и 28. јули
Крвавата Месечина ќе предизвика најдолго помрачување во овој век. Истовремено, Марс ќе биде најблиску до Земјата во последните 15 години и затоа ќе изгледа посветло отколку било кога.
Помрачувањето на Месечината илу лунарната еклипса ќе се случи ноќта на 27. и 28. јули и ќе биде најдолгото помрачување во 21 век. Би требало да трае дури 1 час и 43 минути, а научниците тврдат дека највидливо ќе биде на југоистокот на Европа.
„Тоа е одлично„ Ова е навистина исклучителна и ретка можност да се види затемнувањето покрај Марс на ноќното небо. Ќе имаме два сјајни објекти и одлична прилика за фотографите, рече за Тајмс Роберт Масеј од британското Кралско астрономско друштво.
Помрачувањето ќе трае долго зошто Месечината е на една од најоддалечените точки од Земјата, па сенката ќе биде поголема отколку при вообичаените помрачувања. Поради тоа Месечината, поради ефектот познат како Рајлиово распрснување (Rayleigh scattering), ќе изгледа посебно црвено.
За оние лековерните, помрачнувањето на Месечината, навестува некоја апокалитична катастрофа.