Состојки:
10 пиперки
200 гр. сирење
3 големи јајца
сол по вкус
масло по потреба
Подготовка:
Пиперките измијте ги,отстранете ја дршкта и семките.
Исечете ги на ленти па на коцки на големина која ви одговара.
Загрејте тава со масло, кога е загреано ставете ги пиперкитe, пржете ги додека омекнат околу 15 минути. Потоа претходно разматени јајца, додадете ги и на крајот додајте го раздробеното сирење и сол, пржете уште малку, тргнете од оган и послужете.
Рецептот може да се подготвува и со печени пиперки, зелени, црвени, какви било.