Измамени граѓани штипјанка преку Фејсбук нудела работа во Германија
Вчера, С.М.(22) и Ф.Ф.(21) од Тетово пријавиле измама од женско лице од Штип, со кое се запознале преку социјалната мрежа „Фејсбук“ во март годинава и кое им ветило дека ќе им обезбеди тримесечна работа во Германија.
При тоа од нив било побарано да уплатат по 2.700 денари и уште по 12.300 денари за договорите за работа, а авионските билети сами да ги купат.
Пријавителите аплицирале и ги уплатиле средствата, откако наводно им биле одобрени апликациите, но непосредно пред да заминат во Германија, на 11-ти минатиот месец од пријавената добиле СМС-порака дека не ќе можат да заминат, а потоа не им се јавувала повеќе, ниту им ги вратила уплатените средства.
Се работи на целосно расчистување на случајот.